[ФОТО] За Ева Лонгорија ова е бојата на пролетта – Ги привлече сите погледи во тесниот фустан со проѕирен детаљ

Точка

20/03/2025

17:08

4.321

Големина на фонт

а а а

Ева Лонгорија присуствувала на премиерата на претставата „Buena Vista Social Club“ на Бродвеј и успеала да го привлече вниманието облечена во црвено од глава до петици.

Лонгорија пристигна во театарот „Gerald Schoenfeld“ во Њујорк облечена во црвен макси фустан со долги ракави кој од страната „криел“ изненадување. Имено, фустанот имал проѕирен дел од едната страна кој ја следел линијата на нејзиното тело.

Тој ги истакнал нејзините облини, додека проѕирниот дел наизглед класичното парче облека го претвори во малку попровокативен аутфит.

Ева изгледот го надополни со соодветни црвени салонки, додека брановидната коса и била пуштена.


Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ се појавила во одлично расположение додека позирала на црвениот тепих, пристигнувајќи на настанот со својот пријател Вилмер Валдерама.

Исто така, актерката пред да се појави на црвениот килим носела црвено палто кое го соблекла пред да се фотографира.



Изгледа дека Лонгорија во последно време е љубител на црвената боја, со оглед на тоа што додека го промовирала својот нов филм во Њујорк, носела фустан со сличен крој и во иста боја.

Исто така, ваквите нејзините изданија сугерираат дека „color block“ аутфитите, т.е. модните комбинации во само една боја никогаш не излегуваат од мода.