Шпански репрезентативец сонува да игра за Барселона: Фудбалот носи…

Дерби

20/03/2025

12:12

1.876

Големина на фонт

а а а

Барселона во своите редови има доста играчи кои настапуваат за шпанската репрезентација, односно со своите настапи за клубот се изборија за место во националниот тим или во најмала рака се во поширокиот круг.

Таа листа е навистина голема, а во иднина може и да се прошири затоа што еден од сегашните асови во „црвената фурија“ призна дека сака да се пресели на „Камп Ноу“.

Се работи за Алекс Грималдо кој е дете на каталониците, но стигна само до Б тимот по што преку Бенфика дојде до Баер Леверкузен каде е еден незаменлив дел на бековската позиција.

- Навистина, тоа е цел што ја имам. Тоа го имам многу јасно во мојот ум, дури и клубот го знае тоа. Сакам да се вратам во Шпанија на краток и среден рок и би сакал да доживеам да бидам во Шпанија бидејќи, на крајот на краиштата, тоа е мојата земја. Тоа е местото каде што сакам да играм и да уживам во ова искуство, и тоа е една од моите цели.

- Што се однесува до мене, јас пораснав во Ла Масија; тоа е клубот во кој пораснав како играч и како личност, и тоа е клубот за кој сонував да играм уште од мал. Се сеќавам на некои интервјуа од кога бев мал, во кои реков дека мојот сон е да стигнам до првиот тим на Барса, а тоа отсекогаш останало мој сон.

- Тоа е нешто во кое ни јас не сакам да навлегувам затоа што фудбалот има многу пресврти и никогаш не знаеш што може да се случи. Но, јасно е, како што ви кажав претходно, дека пораснав во Барса, и по седум или осум години во Ла Масија, секогаш го носите тоа со себе. Тоа е она што можам да ви го кажам во моментов, - истакна Грималдо кој има договор со бунделсигашот до 30 јуни 2027 година.