Кратки вежби, дури и неколку минути дневно, помагаат за здравјето

Точка

19/03/2025

13:48

539

Големина на фонт

а а а

Бројни истражувања го докажуваат значењето на таканареченото мини-вежбање.

Можеби звучи неверојатно, но само неколку минути вежбање дневно може да го подобри вашето здравје и кондиција, пишува "CNN".

Кратки активности, од 30 секунди до максимално пет или десет минути, кои вклучуваат речиси секој вид движење, од искачување скали, одење, клекнувања или танцување, помагаат на вашето здравје, а денес бројни истражувања го потврдуваат значењето на мини-вежбањето.


Докажано е дека вежбањето од само 15 до 30 секунди три пати дневно ја подобрува кардиореспираторната кондиција кај неактивни возрасни лица, според мала студија од јануари 2022 објавена во списанието „Exercise and Sport Sciences Reviews“.

Студијата вклучувала искачување скали и возење велосипед.

Кај возрасни лица кои претходно не вежбале, забележан е пад на инциденцијата на рак за 17 до 18 проценти по започнувањето на интензивни тренинзи од само 3,4 до 3,6 минути дневно, според студија од јули 2023 спроведена на 22.398 лица.


Нивната секојдневна физичка активност се состоела од еден или два минути.

Според студија објавена во „JAMA Oncology“, 4,5 минути силна, повремена физичка активност секој ден било поврзано со намалување на инциденцијата на рак за 31 до 32 проценти.

Предностите на движењето се прошируваат и на здравјето на мозокот. Дури и мала количина на умерена до силна физичка активност секој ден, или додавање на мала количина на вашиот тековен режим на вежбање, го намалува ризикот од деменција, според мартовската студија објавена во „JAMDA: Journal of the Post-Acute and Long-Term Care Medical Association“.


Најголема корист имале оние кои претходно не практикувале умерени до силни вежби.

„Што било е подобро од ништо“, рекол Мајкл Бетс, личен тренер и директор на лондонскиот "TrainFitness", и додал дека кога некое време се движите, подложувајќи го телото на мал напор, тоа ќе се приспособи и ќе се подобри.