Почина шесткратниот олимписки шампион: Немилосрдната болест ја победи големата спортска легенда

Точка

18/03/2025

12:34

1.583

Големина на фонт

а а а

Шесткратниот олимписки шампион Акинори Накајама почина на 82-годишна возраст.

Според странските медиуми, Накајама ја загубил долгата битка со ракот на желудникот.

Нижеше успеси каде и да настапеше

Јапонскиот гимнастичар оствари бројни успеси во текот на својата кариера.

Настапуваше на Олимписките игри во Мексико (1968) и Минхен (1972), каде што освои шест златни медали, како и по две сребрени и бронзени, односно вкупно 10 олимписки медали.

Доминираше и на Светските првенства

Освен олимписките победи, Накајама блескаше и на Светските првенства, каде што повеќепати ја докажуваше својата супериорност.

Тој беше најдобар гимнастичар во Јапонија, а во младоста освојуваше титули и на Универзијадите.

Накајама наполни 82 години осум дена пред смртта.