Студентското собрание на УКИМ се извини: „На наредните собири нема да има никакви обраќања“

Макфакс

17/03/2025

21:15

2.555

Големина на фонт

а а а

Студентското собрание на УКИМ се извини за говорите на ректорката и министерката за образование на денешниот протест, што предизвика незадоволство кај дел од собраните студенти.

„Универзитетското студентско собрание при УКИМ испраќа јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан. Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој и секој нареден настан, а ние самите ги увидовме. Наредните собири нема да има никакви обраќања“, велат од студенсткото собрание.

.

Posted by Универзитетско студентско собрание - УКИМ on Monday, March 17, 2025

По протестот, рекација стигна од Студенски отпор, од кадешто истакнаа дека собирот не беше момент за политички пораки, туку за тивка почит кон загинатите и солидарност.

„Наместо 7-минутен молк и достоинствено оддавање на почит, како што бараа студентите, ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одлучија да држат говори. Ова се случи и покрај јасниот притисок од студентите да не се користи ваков трагичен момент за говори и политичка самопромоција“, велат од Студентски отпор.

Повикаа идните комеморативни настани да се организираат со вистинска почит и достоинство, без политичка инструментализација.