Четири лица загинаа во пад на хеликоптер во близина на Монтреал

Макфакс

27/09/2026

09:22

199

Големина на фонт

а а а

Во близина на Монтреал четири лица загинаа во пад на хеликоптер. Полицијата потврди дека сите во леталото загинале, а истрагата за причините на несреќата продолжува.

Четири лица загинаа во пад на хеликоптер во близина на Монтреал, соопшти полицијата во саботата попладне.

Несреќата се случила околу 14:30 часот по локално време, односно 18:30 часот по Гринич, во близина на местото Сент-Брижид-д’Ибервил, јавија канадските телевизии Си-Би-Си и Си-Ти-Ви.

Според полицијата, хеликоптерот бил во пламен кога на местото пристигнале итните служби. Од полицијата на Квебек „Сурте ду Кебек“ потврдиле дека во несреќата загинале сите четири лица кои се наоѓале во леталото.

Засега не се соопштуваат детали за сопственоста на хеликоптерот, неговото потекло или целта на летот.

Канадскиот Одбор за безбедност во транспортот испратил истражители на местото на несреќата. Истрагата е во тек.