[ВИДЕО] Последната снимка на членовите од бендот „ДНК“ Ѓорги Ѓорѓиев и Филип Стевановски

Макфакс

16/03/2025

16:39

3.066

Големина на фонт

а а а

Меѓу починатите во големата трагедија во дискотеката во Кочани се и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Филип Стевановски и Ѓорѓи Ѓорѓиев, редовен член на бендот на „ДНК“.

Стевановски на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Синоќа на социјалните мрежи двајцата членови пред почетокот на настапот го објавија и последното видео.