Претседателот на СДСМ, Венко Филипле, изјави дека трагедијата во Кочани не смее да се користи за политички пресметки кога народот треба да е обединет. Тој уверува дека како опозициска партија нема да дозволат некој што е одговорен да биде поштеден, и ќе следат процесот да се движи во праведна насока.
„Никој не смее да биде поштеден. Трагедијата е преголема, и ако постои најмала индиција дека некој се штити тоа ќе биде удар за целото општетство“, рече Филипче, апелирајќи до Обвинителството да известува редовно, за да не се остава простор за било какви шпекулации во јавноста.
Според Филипче, од нас зависи какви ќе излеземе од ова – дали како држава што научила од грешките или како општество што дозволило да се заборави.
„Македонскиот народ нема да ја заборави трагедијата, а наша одговорснот е да осигураме дека нема да повтори“, рече Филипче.
Првиот човек на опозициската партија информираше и дека како доктор разговарал со дел од семејствата на хоспитализираните и ги уверил дека лекарите прават се’ за повредените.
Тој рече и дека ние сме денес рането општетство, а генерации млади луѓе живеат со болка.
Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица. Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил.