Бугарија и Србија понудија помош за повредените во пожарот во Кочани

Точка

16/03/2025

12:23

366

Големина на фонт

а а а

Бугарија и Србија По трагедијата подготвиле медицински тимови како помош за повредените во катастрофалниот пожар во кочанската дискотека, во кој загинаа над 50 млади луѓе.

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека во состојба на готовност за транспорт на пациенти се воздухопловните сили на Бугарија. Радев понудил помош во разговор со претседателката Гордана Силјановска-Давкова

На Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград ги известиле македонските власти дека се подготвени да примат пациенти


Пожарот во дискотеката во градот Кочани е огромна човечка трагедија, упатувам сочуство на најблиските на починатите и посакувам закрепнување на повредените, изјави денеска бугарскиот премиер Росен Желјазков, пренесе на својот Фејсбук профил бугарскиот министерски совет.

Во постот на социјалните мрежи, бугарскиот премиер вели дека се подготвени веднаш да помогнат на настраданите.

„Бугарија веќе предложи помош во форма на лекувае на настраданите од пожарот. Наредив целосна подготвеност за прием во клиничките установи во градовите Софија и Варна. Бугарските воздухопловни сили се во состојба на готовноста за транспорт на оние на кои им е потребно лекување“изјави Росен Желјазков, премир на Бугарија.


Дека помош понудила Бугарија, но и Србија, пред малку соопшти и претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова.

Владата на Република Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник 18 март 2025 година за Ден на жалост во Република Србија поради трагедијата во Македонија.