Герапетритис разговарал со Муцунски, изразил подготвеност Грција да обезбеди помош во врска со несреќата во Кочани

Точка

16/03/2025

12:11

693

Големина на фонт

а а а

Шефот на грчката дипломатија на својот македонски колега му изразил сочувство за загинатите во несреќата во дискотеката во Кочани

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, утринава телефонски разговарал со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во врска со несреќата во Кочани. На својот македонски колега му изразил сочувство за жртвите во несреќата во која загина 51 лице, а околу 100 други се повредени.


Шефот на грчката дипломатија, како што јавуваат локалните медиуми, за време на телефонскиот разговор со Муцунски изразил подготвеност Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучувајќи и спасувсчки тимови и медицинска помош.

Во меѓувреме се огласи и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој изрази искрено сочувство до С Македонија во врска со несреќата во Кочани, повторувајќи ја подготвеноста на Грција да пружа помош.


„Срдечно сочувство до народот на Северна Македонија за загубените животи во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во ова тешко време“,

пишува Мицотакис во објава на Икс.

Претходно, за помош во врска со несреќата во Кочани се понудија соседни Бугарија и Србија.