[ВИДЕО] Болка, солзи, но и гнев и револтот на протестот во Кочани: Група граѓани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката во која се случи трагедијата

A1ON.MK

17/03/2025

15:33

4.528

Големина на фонт

а а а

Стотици граѓани на Кочани се собраа на протест да го искажат револтот поради големата трагедија што се случи во нивниот град во која животите ги загубија 59 луѓе, а над 100 се повредени. Им оддадоа почит на жртвите во паркот, а потоа се собраа пред општината.

Протестот продолжи пред полициската станица.

Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица.

Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“…

На протестот, граѓаните носеа и фотографии од своите роднини и пријатели кои ги загубија животите на концертот на групата ДНК.

Тие се собраа пред зградата на Општина Кочани, извикувајќи „Секој еден може да биде следен!“.