Најмалку 50 загинати во пожар во дискотека во Кочани

Макфакс

16/03/2025

08:30

11.357

Големина на фонт

а а а

Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.

Според неофицијалните информации, пожарот избувнал околу 3 часот, поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе.

Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип.

Голема трагедија во Кочани во која животот го изгубија над 70 млади луѓе и само Бог знае колкумина се борат за живот.

Во картонска “дискотека” во која немало ниту еден пп апарат, избил пожар кој бил предизвикан од пиротехника.


Животот во Кочани после оваа трагедија веќе никогаш нема да биде ист. 

Бог нека е со вас драги браќа Кочанчани, светол пат на сите починати✝️🙏🏻


Момент пред трагедијата⬇️

Posted by Igor El Padriño on Saturday 15 March 2025

На Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега има донесено 27 повредени.

Над 100 млади луѓе се повредени, според првичните информации на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен.

„Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, соопштија од Јавното обвинителство.