Недостатокот на овој витамин може да предизвика проблеми со помнењето и конфузија

Точка

15/03/2025

23:31

5.376

Големина на фонт

а а а

Иако на некои луѓе пониските нивоа на витамини во организмот не им изгледаат опасни, нивниот недостаток може да предизвика бројни здравствени проблеми.

За да го одржиме оптималното здравје, зависиме од низа витамини и минерали, идеално внесени преку избалансирана исхрана. Недостатокот на овие есенцијални хранливи материи може да ја наруши способноста на телото да функционира ефикасно.

Во таа насока, доктор Џејмс О’Донован сподели симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Б12, што може да доведе до проблеми со помнењето, конфузија или когнитивни промени, но и други симптоми, како што се трнење во рацете и болки во устата.

Витаминот Б12, кој главно се наоѓа во животинските производи како што се месото, сирењето и јајцата, е клучен хранлив состав. Затоа, неговиот недостаток е почест кај веганите и вегетаријанците.


Б12 игра важна улога во производството на црвени крвни клетки, кои влијаат на нивото на кислород во телото. Според Националната здравствена служба на Обединетото Кралство (NHS), недостатокот на овој витамин може да доведе до:

- Екстремен замор

- Пецкање во телото

- Чирови во устата

- Слабост во мускулите

- Проблеми со видот

Потешкотии со меморијата, разбирањето и расудувањето

„Ако чувствувате нејасни симптоми како што се заборавност, замор, слабост, или дури трнење и пецкање во рацете и стапалата, тоа може да биде знак за недостаток на витамин Б12. Оваа состојба се појавува кога не внесувате доволно Б12 преку исхраната или ако вашето тело не го апсорбира како што треба. Но, може да влијае на било кого, без разлика на возраста“, објаснува докторот.


Зошто доаѓа до недостаток на Б12?

Недоволен внес на храна богата со Б12 – Ова е чест проблем кај луѓето кои не консумираат животински производи или храна збогатена со витамин Б12.

Намалена апсорпција на Б12 – Причини за ова може да бидат:

- Гастритис – воспаление на желудочната слузница, кое често води до недостаток на Б12.

- Недостаток на желудочна киселина – Хлороводородната киселина е потребна за правилна апсорпција на витаминот.

Редовната исхрана богата со Б12, како и консултација со лекар при сомнеж за негов недостаток, може да помогнат во спречување на потенцијалните здравствени проблеми.