[ФОТО/ВИДЕО] Тргнаа да се искачат на врвот на вулканот, а потоа се случи најлошото: „Ни затрепери земјата под нозете, а потоа следеше експлозија од оган и пепел“

Точка

15/03/2025

15:15

1.749

Големина на фонт

а а а

Општа паника завладеа кога соседниот вулкан Фуего ненадејно еруптираше, по што беше издадена наредба сите туристи што е можно побрзо да се евакуираат на безбедна локација.

На социјалните мрежи со денови кружи видео од планинари кои морале итно да бидат евакуирани по четиричасовно искачување на вулканот Акатенанго во Гватемала.


Паниката настанала кога соседниот вулкан Фуего неочекувано еруптирал, а надлежните веднаш наредиле итна евакуација на сите туристи.


„Ни кажаа дека имаме 20 минути за евакуација“, изјавил еден од планинарите, додека во позадина на видеото се гледа експлозија од вжештена лава.



Според порталот „Њузвик“, во тој момент на вулканот Акатенанго се наоѓале околу 60 туристи.


„Вулканот беше „заспан“ во последните месеци, но постои ризик од труење со отровниот чад што го испушта, што може да има сериозни последици“, додал планинарот.


Експертите од Националниот институт на Гватемала соопштија дека се забележува „значително зголемување на активноста на вулканот Фуего, кој исфрла мешавина од пепел, камења и жешки гасови“.


„Поради тековната активност и зголемениот ризик од повреди, пристапот до вулканот Акатенанго е суспендиран, а пристапот до кратерот на Фуего и областа наречена Ел Камелон е строго забранет“, се вели во официјалното соопштение.


„Земјата трепереше под нозете, од длабочината се слушна грмеж, а потоа ноќното небо се осветли од експлозијата на оган и пепел. Искри паѓаа по падините, жарта ја осветлуваше темнината, потсетувајќи нè дека природата не е само убава, туку и непредвидлива“, сведочат очевидци.


„Целосно лудило! Не можам ни да замислам како изгледаше враќањето назад“, додаде еден од туристите.