Откриен нов коронавирус! Дали светот е соочен со закана од нова пандемија?

Точка

15/03/2025

20:11

2.196

Големина на фонт

а а а

Откриен е нов коронавирус, за кој се стравува дека може да се пренесе на луѓето. Вирусот е идентификуван од научник поврзан со Кина.

Истражувачи од Бразил, во соработка со колеги од Универзитетот во Хонг Конг, го откриле новиот вид по земањето брисеви од устата и ректумот на лилјаци. Овој вирус е тесно поврзан со МЕРС – болест што има смртност од околу 35 проценти кај заразените лица.

Научниците предупредуваат дека составот на вирусниот протеин, кој му овозможува навлегување во клетките на домаќинот, укажува на потенцијална способност за инфицирање на човечки клетки.


Вирусот во моментов се транспортира во Кина, заедно со уште шест други вируси откриени за време на експедицијата. Ќе бидат спроведени тестови за да се утврди дали овие вируси можат да заразат човечки клетки, и покрај загриженоста дека ваквите експерименти се поврзани со појавата на пандемијата на Ковид-19.


„Во моментов не сме сигурни дали овој вирус може да зарази луѓе. Сепак, идентификувавме делови од вирусниот протеин, кој се врзува за клетките на цицачите, што укажува на потенцијална интеракција со рецепторот што го користи MERS-CoV“, изјави водечкиот истражувач, д-р Бруно Силверио од Универзитетот во Сао Паоло.


„За подетални сознанија, планираме да спроведеме дополнителни експерименти во Хонг Конг подоцна оваа година“, додаде Силверио.

МЕРС е заразна респираторна болест што се пренесува од животни на луѓе, но и од човек на човек. Предизвикува треска, кашлица, отежнато дишење, дијареја и повраќање, а во потешки случаи може да биде фатална.