[ВИДЕО] Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи

Дерби

15/03/2025

08:27

485

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо продолжи да стрела за Ал Наср, тим кој вечерва дојде до посакуваните три бода во шампионатот на Саудиска Арабија.

Избраниците на Пиоли ја оправдаа улогата на фаворити и го добија Ал-Холод со 3-1. Домаќините го најавија триумфот со голот на Роналдо во 4 минута, погодок број 928 во неговата кариера.

До крајот на првиот дел реализираа Мане и Дуран со што стана јасно дека бодовите ќе останат кај Ал Наср. Во вториот дел домаќините си дадоа автогол со што беше поставен конечниот резултат 3-1.