[ВИДЕО] Во Србија уапсени лица кои планирале државен удар

Нетпрес

15/03/2025

07:34

3.431

Големина на фонт

а а а

Шестмина уапсени во Белград за подготвување државен удар. Уапсени се Младен Цвјетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Ладо Јововиќ, Лазар Диниќ, Марија Васиќ и Давор Стефановиќ.

На снимката која беше емитувана, јасно се слуша како група учесници подготвуваат терористички акти и уривање на уставниот поредок на Србија.

„Вучиќ ќе биде таму и на 16-ти. Немаме легитимитет да го замениме во овој момент, за жал, не ми се допаѓа, но така е. Единствено што може да се случи е нешто да му се случи. Да го убиjaт Тоа е единственото нешто што може да му се случи или да си замине, а трета опција нема“, се слуша на снимката.

Тие се товарат за кривично дело подготвување акт против уставниот поредок и безбедноста на Србија во соучесништво од член 320 во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 став 1 од Кривичниот законик.