Дилемата дали платата или условите за работа се клучниот фактор за мотивацијата на македонскиот работник останува вечна тема во деловниот свет.
Во реалноста, овие два елемента се испреплетени и не можат лесно да се разделат. Но, што повеќе влијае врз задоволството и врз продуктивноста на работникот?
Дали е тоа повисоката плата или пак пријатната работна средина со можности за напредок?
Платата – неопходна, но не и доволна
За мнозинството работници, особено во приватниот сектор, платата останува примарен мотиватор.
Со растот на животните трошоци и економската неизвесност, многумина гледаат на својата плата како на главен фактор за задоволство од работата.
„Не барам ништо повеќе од фер плата за работата што ја извршувам“, вели Дарко С., работник во производствена компанија во Скопје. „Можат да ни дадат убави канцеларии, бесплатни кафе или флексибилно работно време, но ако не можам да ги покријам сметките, сè друго губи значење“.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се потценети финансиски, дури и кога работат во добри услови, често го напуштаат работното место во потрага по повисока заработка.
Работодавците кои не вложуваат во повисоки примања ризикуваат да ги изгубат најдобрите кадри.
Условите за работа – клучот за долгорочна продуктивност
Од друга страна, парите не се единствениот фактор што ги задржува работниците. Добрите услови, како позитивна работна атмосфера, стабилност, можности за напредок и балансиран однос помеѓу работата и приватниот живот, се подеднакво важни.
„Платата е битна, но нема цена мирот што го имам во мојата работа“, вели Марија Ж., вработена во ИТ-компанија. „Имав можност да одам во фирма со поголема плата, но таму имаше огромен притисок и токсична средина. Избрав да останам таму каде што се чувствувам ценето и почитувано“.
Компаниите што инвестираат во добри услови, како што се квалитетни работни простории, ментално здравје на вработените и праведен однос кон нив, често се поуспешни во задржувањето на персоналот.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.