Донарума откри зошто бил до соблекувалната пред пенал рулетот на „Енфилд“

Дерби

12/03/2025

14:52

645

Големина на фонт

а а а

Џанлуиџи Донарума беше најкритикуван фудбалер на ПСЖ по првиот меч против Ливерпул во Лигата на шампиони, но една седмица подоцна, самиот Италијанец се избори за херојски статус на „Енфилд Роуд“ во големиот пресврт кој го комплетираа „светците“.

Голманот на ПСЖ беше бравурозен во регуларниот дел и скроти неколку опасни обиди на домаќините, меѓутоа посебно издоминира во пенал рулетот во кој фантастично реагираше по ударите на Дарвин Нуњез и Куртис Џонс.

– Знаевме дека ќе биде многу тшеко да се игра на „Енфилд Роуд“, знаевме дека нема да биде лесно против силен тим кој има голема поддршка од трибините. Секогаш е тешко да се дојде тука и да се направи пресврт, но ние успеавме. Тимот одигра извонредно, моравме да страдаме за да ја оствариме целта, но на крајот успеавме. Навистина сум среќен што се пласиравме во следната рунда.

Пред да прерасне во јунак во пенал-рулетот, Донарума ја искористи кратката пауза за да отиде кон тунелот на „Енфилд“, а сега самио откри дека бил до гостинската соблекувална.

– Имав подготвено нешто со тренерот за голмани и сакавме тоа да биде малку приватно. Направивме правилно што прелиставме неколку работи пред да се вратам на теренот и да одбранам неколку пенали, – изјави Донарума.