Пет натпревари суспензија за Анхел Кореа

Макфакс

12/03/2025

15:53

428

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа ќе ги пропушти следните пет натпревари, беше потврдено денеска.

Кореа жестоко го навредуваше и пцуеше судијата на последниот меч против Хетафе, а денеска му беше потврдена суспензијата од пет натпревари. Казната за црвениот картон е еден натпревар, а за навредит што ги упати кон судијата доби дополнителни четири натпревари суспензија.

Бидејќи суспензијата важи и за натпреварите од Купот на кралот, Кореа прво ќе го пропушти првенствениот натпревар против Барса, а потоа и реваншот од полуфиналето на Купот на почетокот на април. Освен двата меча со Барселона, Кореа ќе ги пропушти и гостувањата против Еспањол и Севилја и на крајот дуелот со Ваљадолид на „Метрополитано“.

Анхел Кореа ќе се врати во тимот до 20 април кога Атлетико гостува кај Лас Палмас.