"Mercedes" неодамна откри дека одделот "AMG" работи на развој на електричен супер "SUV".
Новиот модел се развива паралелно со електричната лимузина, а во "AMG" веруваат дека електричната изведба многу повеќе ќе им се допадне на љубителите на спортските модели отколку обидот за премин од осумцилиндричен на четирицилиндричен мотор. Познавачите ќе се сетат на моделот "C 63", кој во последната генерација дојде како хибрид со четирицилиндричен бензински мотор – што не беше прифатено со голем ентузијазам.
Прототипите веќе се забележани, а последните информации велат дека во дизајнерска смисла двата нови модели ќе се потпираат на концептот "Mercedes Vision AMG" од 2022 година. Притоа, покачениот модел би можел да добие едноставно име – "GT SUV".
Дизајн кој може да ги подели мислењата
Земајќи го сето ова предвид, дизајнерот Никита Чујко подготви своја визија за новитетот на "AMG" за магазинот "Kolesa". Освен атрактивниот "LED"-потпис и секогаш впечатливите фелни, дизајнот на овој "Mercedes" би можел да предизвика поделени мислења. Големата лажна маска и недостатокот на агресивност се најкраткиот опис на предниот дел, додека задниот крај сигурно нема да остави никого рамнодушен.
Високи перформанси и врвен луксуз
"GT SUV" ќе биде долг повеќе од пет метри, со меѓуоскино растојание од над три метри. Просторот во кабината нема да биде проблем, како ни квалитетот на материјалите, кој ќе биде на ниво на "EQS SUV".
Моделот ќе биде поставен на "AMG. EA" платформа со 800-волтна технологија и мотори од компанијата "Yasa", што би можело да го направи рекордер во поглед на брзината и функционалноста во сегментот на луксузни "SUV" модели. И тоа навистина брз, бидејќи веќе кружат шпекулации дека ќе развива 1000 коњски сили.
Премиерата најверојатно е закажана за 2026 година, а првите примероци на патиштата би требало да пристигнат во текот на 2027 година.