Јокиќ го возврати ударот со брутално издание против Шеј, Денвер режираше слатка одмазда

Дерби

11/03/2025

12:27

936

Големина на фонт

а а а

Денвер режираше слатка одмазда на второто гостување кај Оклахома во период од само 48 часа, па така откако во неделата загуби со 127:103, рано утрово славеше со 140:127 во спектакуларен меч во кој брилјираа двете ѕвезди на Нагетси.

Никола Јокиќ и Џамал Мареј ги преземаа работите во свои раце и со брутални изданија го возвратија ударот, а тоа посебно важи за Србинот кој води и МВП битка со Шеј Гилџес-Александер.

Јокиќ беше во демолирачки ритам и го заврши мечот со 35 поени, 18 скокови и 8 асистенции, па беше предводник во победата во која Мареј испорача само еден поен помалку.

На спротивната страна, најефикасен беше Дорт со 26 поени, додека Шеј го заврши мечот со 25 поени зад своето име, што беше за 15 помалку од натпреварот пред два дена.

Клучно за победата беше второто полувреме кое го одиграа избраниците на Мајк Мелоун, период во кој Нагетси славеа со 34:26 во третата и со 39:28 во последната четвртина.

НБА резултати:

Атланта – Филаделфија 132:123

Бостон – Јута 114:108

Бруклин – ЛА Лејкерс 111:108

Мајами – Шарлот 102:105

Торонто – Вашингтон 119:104

Чикаго – Индијана 121:103

Хјустон – Орландо 97:84

Мемфис – Финикс 120:118

Оклахома – Денвер 127:140

Сан Антонио – Далас 129:133

Голден Стејт – Портланд 130:120

Сакраменто – Њујорк 104:133