Новото научно истражување тврди дека доколку жените почнат да го прават ова за време на интимните врски, голема е веројатноста да бидат неверни.
Научниците сега дошле до нови заклучоци кои го поврзуваат глумењето во кревет со верноста.
Истражувањата покажаа дека жените кои често глумат оргазам имаат најголема веројатност да ги изневерат своите партнери. Досега немаше врска помеѓу изневерувањето и лажниот оргазам, но студијата покажа дека двете работи се многу поврзани.
Научниците ја спровеле студијата на група од 130 жени и 121 маж кои биле во хетеросексуални врски. Жените беа прашани колку интензивни и чести се нивните оргазми, додека мажите беа прашани колку често им даваат оргазам на своите девојки. Девојките биле прашани и дали некогаш го изневерувале партнерот и дали постои можност тоа да го прават во иднина.
„Лажните оргазми се поврзани со женско неверство и намалено машко задоволство“, напишале авторите на студијата „Човечкиот женски оргазам како еволуиран сигнал“.
Многу жени имаат потешкотии да постигнат оргазам, а најчести причини се стресот, заморот и стравот од неверство. Резултатот од сето горенаведено е често лажни, исценирани кулминации, па не е изненадување што истражувањата покажуваат дека 80 отсто од жените глумат оргазам од желба да го усреќат својот партнер.
Студијата спроведена на примерок од жени ја потврдила тезата дека повеќето жени, поточно 80 отсто од нив, барем еднаш во животот глумиле оргазам, а најчеста причина што ја навеле е желбата да го усреќат партнерот, предизвикана од стравот од изневерување.
Жените кои го потврдија тоа признаа и дека се сомневаат во верноста на своите партнери, па мислеа дека со помош на лажни оргазми ќе го задржат партнерот и ќе го одвлечат од секаква можна желба за односи.
Сепак, има и други причини, а една од најчестите, која ретко која жена ќе ја признае е манипулацијата со мажите.
Во текот на истражувањето спроведено на жени на возраст од 18 до 48 години, припадничките на понежниот пол признале дека испуштаат гласни звуци за време на сексот и вешто глумат оргазми за да ја забрзаат кулминацијата на партнерот доколку се уморни и не сакаат интимни односи.