Го прослави Џејмс Бонд: Дебитираше спортскиот "Lotus Emira"

Точка

08/03/2025

19:30

2.878

Големина на фонт

а а а

Речиси педесет години по моделот "Esprit", кој ја одбележа франшизата на Џејмс Бонд и филмот „Шпионот што ме сакаше“, компанијата "Lotus" претставува автомобил кој е на трагата на култното издание.

Иако "Lotus" дефинитивно помни и подобри денови, брендот кој го изгради својот имиџ преку производство на спортски автомобили сè уште не е подготвен да крене бело знаме.

Во таа мисија значајна улога ќе има "Emira", модел со исклучително атрактивен дизајн и унапредени перформанси.


"Lotus" отсега ќе ја нуди "Turbo SE" верзијата, која ќе биде на врвот на понудата. Под хаубата се наоѓа четирицилиндарски турбомотор поврзан со осумстепен "DCT" менувач.

Клучните компоненти потекнуваат од технолошкиот партнер "AMG", па во квалитетот навистина не треба да се сомневаме, пренесува "Automotorevija".


"Emira Turbo SE" добива зголемена моќност од 400 коњски сили (+40 КС), со зголемување на вртежниот момент за 50 њутнметри, на вкупни 480 Nm. Според фабричките податоци, максималната брзина е 290 km/h, додека забрзувањето од 0 до 100 km/h трае само 4 секунди.

Како алтернатива, "Lotus" нуди и "Emira" со "V6" мотор од 3,5 литри, кој исто така располага со 400 коњски сили. За љубителите на класичните вредности, "Emira" е достапна со стандарден шестостепен мануелен менувач, додека како опција е достапен и шестостепен автоматик.