[ВИДЕО] Критичарите го распнаа Венс откако наводно рекол дека Британија е без врска, го нарекоа кловн, а тој жестоко им врати

Точка

04/03/2025

21:08

2.398

Големина на фонт

а а а

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс се огласи на „Х“ откако Британците бурно реагираа на изјавите што ги даде синоќа во интервју за „Фокс њуз“.

Венс изјави дека единствениот начин да се постигне траен мир е Вашингтон да има економски интерес во иднината на Украина, пренесува Sky News.

„Ако сакате вистински безбедносни гаранции, ако навистина сакате да осигурате дека Владимир Путин нема повторно да ја нападне Украина, најдобрата безбедносна гаранција е да им дадете на Американците економски интерес во иднината на Украина. Тоа е многу подобра гаранција отколку 20.000 војници од некоја небитна земја што не водела војна 30 или 40 години“, рече Венс.


Набргу следеа жестоки реакции од Британија, бидејќи 632 британски војници загинаа во војните во Авганистан и Ирак, кои се водеа на почетокот на овој милениум.


Џеј-Ди Венс сега тврди дека ваквите реакции се нефер кон него и додава дека во својата изјава не ја спомнал ниту Британија, ниту Франција.

„Во овој дел не ги ни спомнувам Обединетото Кралство или Франција, кои храбро се бореа заедно со Соединетите Држави во изминатите 20 години“, напиша Венс.


Поранешниот ториевски министер Џони Мерсер го нарече „кловн“, бидејќи коментарот на Венс беше протолкуван како навреда кон Британија. Сепак, иако Обединетото Кралство и Франција се единствените земји што ветија војници за потенцијалните мировни сили, Венс изјави дека секоја сугестија дека мислел на тие држави е „апсолутно нечесна“.