Бела куќа: Трамп го изеде ручекот наменет за Зеленски по прекинот на состанокот

Макфакс

03/03/2025

14:47

583

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Белата куќа, Керолин Левит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп буквално и фигуративно го изел ручекот наменет за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Претседателот уживаше во ручекот. Тој буквално и фигуративно го изеде ручекот на претседателот Зеленски. Тоа беше негова одлука (да ја откаже официјалната вечера со Зеленски – уред). Тој чувствуваше дека претседателот Зеленски не е во позиција да преговара за мир во моментот“, рече Левит одговарајќи на прашање од водителката на „Фокс њуз“, Лаура Инграун, чија одлука беше да се откаже ручекот.

На социјалните мрежи беше споделена и фотогарфија од менито наменето за украинскиот лидер. Како што се гледа на неа, Зеленски требаше да јаде пролетна салата од млада зелка, пилешко печено со рузмарин.

Во петокот, 28 февруари, средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во Вашингтон заврши со неочекуван вербален судир, што резултира со откажување на планираното потпишување на договорот за минерали.

Трамп и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс го обвинија Зеленски за недостиг на благодарност за американската воена помош, а Зеленски ја напушти Белата куќа порано од предвиденото.