Лидерот на британската Реформска партија, Најџел Фараж, денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да потпише мировен договор во спротивно од Русија му се заканува уништување.
Фараж за радио ЛБЦ изјави дека Украина сега е поблиску до потпишување на договорот отколку пред вербалната пресметка во Овалната соба на Белата куќа во петокот додавајќи дека Зеленски треба да се разбуди.
„Всушност, мислам дека нешто добро ќе излезе од настаните во петокот“, рече британскиот политичар и додаде дека Зеленски ќе го потпише договорот.