Новиот директор на ФБИ го повика Конгресот да истражи како биле искористени парите испратени во Украина

Макфакс

03/03/2025

11:40

338

Големина на фонт

а а а

Новоименуваниот директор на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Кеш Пател, го повика американскиот Конгрес да истражи како биле искористени парите испратени во Украина, објави „Епох тајмс“.

„Побарав од Конгресот да истражи каде отишле тие пари. На американскиот народ му се должи тој одговор, бидејќи тоа се наши пари. Ова се долари на нашите даночни обврзници“, рече Пател.

Тој, исто така, го критикуваше обемот на американската помош за Украина.

„Не се работи за тоа САД да испратат милијарда долари, туку износот испратен во една земја е сто пати поголем од милијарда“, рече тој.

Пател потоа го доведе во прашање кредибилитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и го спомена ракетниот инцидент во Полска.

„Зеленски излезе на светската сцена и рече: ‘Русија истрела проектил кон Полска’, што би било воен чин. Излегува дека Русија не истрелала таков проектил“, изјави Пател, пренесе „Киев Индипендент“.

Полска лани неколкупати ги подигаше авионите поради руските напади врз Украина, откако проектилите испратени во западна Украина го нарушија полскиот воздушен простор.