Едно лице е убиено, а четворица се повредени во напад со нож на автобуска постојка во близина на трговски центар во израелскиот град Хаифа.
Според соопштението на израелската служба за итни случаи, едно лице загина, а четворица се повредени, од кои тројца потешко, во напад со нож на автобуска постојка во близина на трговскиот центар „Лев Хамифрац“.
Повредените се пренесени во болницата „Рамбам“. Израелската државна телевизија „Кан“ објави дека чувар го неутрализирал напаѓачот на местото на настанот.
На местото на настанот пристигнаа екипи на израелската полиција и домашната разузнавачка агенција „Шин-Бет“, а во тек се операции за да се утврди дали има и други осомничени вмешани во нападот.