Меси не го памети по добро престојот во ПСЖ

Макфакс

01/03/2025

14:19

345

Големина на фонт

а а а

Аргентинецот Лионел Меси зборуваше за „Ејпл ТВ“ (еден од главните спонзори на Интер Мајами) за времето поминато во Пари Сен Жермен.

Тој вели дека тој дел од неговата кариера не бил најпријатен. Како што рече, секој ден бил незадоволен.

„Тие две години не ми беа пријатни. Не бев среќен, бев незадоволен секој ден, од тренинзите, натпреварите… Имав потешкотии да се адаптирам на сето тоа“, изјави Меси.

Неговиот партнер од тоа време Нејмар неодамна проговори за незадоволството на Аргентинецот во Париз.

Во таа изјава Бразилецот откри дека Килијан Мбапе му бил љубоморен на Меси, но и блиската врска која Бразилецот и Аргентинецот ја имале надвор од теренот.

Меси беше во Пари Сен Жермен од 2021 до 2023 година, кога по 23 години ја напушти Барселона.

Во Мајами е среќен, го најде тоа што го бараше и ужива во фудбалот, земјата, клубот…

„Доаѓањето во Мајами беше можност, особено откако работите не одеа добро во Париз. Таа одлука (да се пресели во ПСЖ) морав брзо да ја донесам, бидејќи морав да заминам од Барселона“.