Фудбалскиот клуб Милан дури по завршувањето на сезоната ќе решава дали ќе му го продолжи престојот на тренерот Сержо Консеисао, откако гласни се шпекулациите дека тој и пред завршувањето на првенството може да добие отказ.
Консеисао има клаузула во договорот според која Милан може да го раскине договорот на крајот од оваа сезона доколку не ги исполни амбициите и не ги постигне посакуваните резултати.
Милан испадна од Лигата на шампионите, во Серија А се маоѓа на осмото место со осум поени помалку од четвртата позиција. Клубот се уште е во трка за трофејот во Копа Италија, во полуфиналето ќе игра против Интер.
Во случај Милан да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, извесно е дека клубот повторно ќе бара нов тренер, а прв пик е Сеск Фабрегас, додека алтернативи се Роберто Де Зерби и Маурицио Сари.
Фабрегас одлично си ја врши работата на клупата на Комо. Бидејќи е косопственик на Комо, тој практично сам ќе ја решава својата судбина.
Роберто Де Зерби го води Олимпик Марсеј, а беше поврзуван со Милан минатото лето кога дојде Пауло Фонсека, додека Сари очајно сака да и се врати на тренерската работа, откако минатата сезона се раздели со Лацио. Сепак, Сари е мета и на Аталанта, која во него гледа идеална замена за Џан Пјеро Гасперини.