Димитриеска-Кочоска: За мене темата со вчерашната ситуација е затворена, се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност

Макфакс

28/02/2025

17:07

304

Големина на фонт

а а а

Се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност да ја работам. И со задоволство објавувам рекордно ниво на инвестиции во Македонија. Затоа им сметам затоа што темелно чекор по чекор си ја работам работата и резултатите се јасни и видливи. Тие се во истовреме и мерливи, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

„Веќе изразив жалење за целиот контекст. Но и самите сте свесни дека народот има поважни теми од лажната тема која ја создаваат за дефокус. Немам никогаш намера да навредам никого. Напротив. И таа самата го знае тоа. Ама вака и чини сега да изигрува жрвта. Додека дискутиравме во Собранието реакции немаше, им требаше време да размислат да регираат и дефокусираат. Ниедна туѓа навреда кон мене нема да ме вовлече да навредувам и да возвраќам со навреди. Ова се ќе помине и за мене е најважно да останеме луѓе и да помагаме на луѓето колку што можеме. За мене темата е затворена. Се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност да ја работам. И со задоволство објавувам рекордно ниво на инвестиции во Македонија. Затоа им сметам затоа што темелно чекор по чекор си ја работам работата и резултатите се јасни и видливи. Тие се во истовреме и мерливи. Не исклучувам да продолжат со напади кон мене но тоа е и дел од работата која имам чест да ја водам, да му служам на мојот народ и држава“, рече министерката во одговор на новинарско прашање во врска со вчерашната дискусија во Парламентот.

Таа додаде дека подолг период на социјалните медиуми е предмет на лажни изјави соопштенија и дека во ниту еден момент не рагирала и затоа смета дека оваа тема е затворена.

„Секој има право и ги повикувам да ги искористат своите права па да видиме кој бил во право и кој не бил во право и кој се трудел да дефокусира или користи злоупотреби и лажна терминологија“, посочи министерката Димитриеска-Кочоска.