Американското Министерство за правда синоќа објави долгоочекувана серија документи поврзани со осудениот педофил Џефри Епштајн, кој беше пронајден мртов во затворска ќелија во 2019 година, додека чекаше ново судење во Њујорк.
„Њујорк пост“ извештава дека документите вклучуваат список со контакти на Епштајн, податоци за летовите на неговиот приватен авион познат како „Лолита експрес“, како и докази собрани од властите за овој милионер, кој бил во контакт со многу влијателни личности во Америка.
Извештајот посочува дека нема многу нови информации во овие приближно 200 страници документи, кои во голема мера потврдуваат она што веќе беше познато, а на списокот на познати личности и политичари кои се дружеле со него се наоѓаат имиња што претходно беа јасно идентификувани.
На списокот објавен синоќа се: фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, починатиот пејач Мајкл Џексон, актерот Алек Болдвин, Етел Кенеди, мајка на новиот американски министер за здравство Роберт Кенеди, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, манекенката Наоми Кембел и рокерката Кортни Лав.
Тука се и: Боб Вајнстин, брат на осудениот сексуален предатор и филмски продуцент Харви Вајнштајн, покојниот милијардер Дејвид Кох, покојниот сенатор Тед Кенеди, актерот Ралф Фајнс, адвокатот Алан Дершовиц; актерите Џон Кери и Дастин Хофман, бизнисменот Џон Хантсман, моделот и актерка Лиз Харли, но и Ивана Трамп, покојната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп и нивната ќерка Иванка.
Самиот Трамп не е на списокот со контакти на Епштајн.
Пем Бонди, американскиот јавен обвинител, побара по објавувањето на овие документи, наречени „Епштајн документација, фаза 1“, целосната документација да биде достапна на јавноста.
Веб-страницата на Вашингтон The Hill објави дека Бонди ова го објави во писмо до директорот на ФБИ, Кеш Пател, поставувајќи краен рок до петок наутро, според времето на источниот брег.
„До осум часот, ФБИ ќе го достави целосното и комплетно досие за Епштајн во мојата канцеларија, вклучувајќи ги сите податоци, документи, аудио и видео снимки и материјали поврзани со Џефри Епштајн, без оглед на тоа како се добиени информациите“, рече Бонди.
Таа го испратила писмото по притисок од Марсија Блекбурн, републиканска сенаторка од Тенеси и Ана Паулина Луна, републиканска конгресменка од Флорида.
„Ова не го бараме ние и Американците и е целосно разочарувачки. ДАДЕТЕ НИ ИНФОРМАЦИИ ШТО ГИ БАРАМЕ!“ – напиша синоќа конгресменката на социјалната мрежа X.