СДСМ оди по паметот на ДУИ, синхронизирани се. Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем скандал, реагира првиот вицепремиер, Изет Меџити по обвинувањата на Социјалдемокртскиот сојуз дека работел незаконски, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување.
Меџити рече дека првин се зборувало за одземање на ингеренции од Министерството за животна средина, па кога виделе дека инспекторатот кој бил автономен, сега е сектор во рамките на Министерството, излегуваат со второ обвинување дека има простор за злоупотреба и тоа тоа го констатирал административниот инспекторат.
„Се работи за редовна контрола која е во програмата на Државниот административен инспекторат. Тие имаат забелешка, опомена за воспоставена пракса а не за ингеренции. Тоа е пракса воспоставена од ДУИ и СДСМ, од 2016 година. Редица министри од нивните редови“, рече Меџити.
СДСМ претходно денес извести дека во Владата ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити.