Осум екипи обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите и таму ќе се им се придружат на екипите кои се најдоа таму според освоените бодови во првата фаза.
Денешната ждрепка ќе ги одреди осминафиналните парови, како и вкрстувањето на сите парови се до финалето, па сите екипи ќе ги знаат и своите потенцијални противници до финалето во Минхен.
Реал-Атлетико и Баерн-Баер се големите дерби пресметки меѓу клубови од иста земја, а ПСЖ го доби Ливерпул во уште еден интересен двомеч.
Во однос на следните фази, сите англиски клубови се во ист дел на ждребот и само една екипа може да дојде до финалето, додека се чини дека Барселона има на хартија полесен пат до полуфиналето.
Осминафинални парови:
Бриж-Астон Вила
Борусија Д-Лил
Реал М-Атлетико М
Баерн М-Баер Л
ПСВ-Арсенал
Феенорд-Интер
ПСЖ-Ливерпул
Бенфика-Барселона