Снег падна во некои делови на Истанбул, поради наноси на улиците, сообраќајот е во застој, наставата во повеќето училишта е прекината, а градот го активираше „планот за одговор при катастрофи“, кој предвидува сите служби да работат 24 часа.
Според турските медиуми, иако службите за чистење снег работат со полна брзина, само главните патишта се расчистени, а сообраќајот дополнително го отежнуваат автомобилите заглавени во снегот.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови освен ако тоа е апсолутно неопходно. Градот ќе се грижи и за бездомниците и ќе ги отстрани од улиците, рече Имамоглу, пренесуваат тамошните медиуми.