Генерација EZ – часовник наместо паричник

Точка

21/02/2025

16:17

429

Големина на фонт

а а а

Screen time, Active time, Battery health, Storage… Зависноста од мобилните телефони и другите модерни уреди некогаш може да биде исцрпувачка и „крадец на нашето време и внимание“, но факт е дека тие станаа еден вид сојузник на луѓето во секојдневното живеење.

Паметното користење на мобилните телефони и smart часовниците честопати може да нѝ заштеди многу време и да нѝ помогне работите да ги завршуваме побрзо и полесно. Податоците покажуваат дека овие предности најмногу ги користат припадниците на Генерацијата Z. Според истражување спроведено во САД во 2023 година, дури 93% од младите до 25 години користат мобилно плаќање преку часовник, телефон или каков било уред.

Следејќи ги реалните потреби на младите, меѓу кои е и редовното користење на мобилно плаќање, Халкбанк го создаде пакетот за млади Halk EZ. Овој банкарски пакет, достапен на млади помеѓу 16 и 24 години, покрај бројните поволности кои ги нуди, овозможува и плаќање преку телефон или smart часовник.


„Нашата цел е на младите да им покажеме дека банката може да им биде пријател и сојузник, да одговара на нивните потреби и преференци и да им го олесни животот. Свесни сме дека кога студенти или средношколци ќе го слушнат зборот „банка“, тоа ги асоцира на чекање пред благајни, бирократија и слично, и токму затоа Халкбанк преку Halk EZ пакетот станува поблиска до нив и нивните потреби во секојдневието“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Halk EZ не е само обичен банкарски пакет, туку инспирација за една нова, попаметна и полесна финансиска реалност на младите. Со технологијата како нивно секојдневие и банката како партнер, тие можат да се фокусираат на она што навистина им е важно – без грижа за готовина, картички или сложени процедури. Овој пакет за млади е создаден да ја следи динамиката на генерацијата што чекори напред со стил, сигурност и слобода.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е креиран за да одговори на секојдневните потреби на студентите, средношколците, младите претприемачи и сите млади луѓе кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.

Комерцијален текст