Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека самите Европејци се виновни за она што се случува во нивните односи со Америка, но истакна дека Русија не се меша во евроатлантските односи.
„Русија не шпекулира за односите меѓу САД и ЕУ, но самите Европејци се виновни за тоа како тие моментално се развиваат. Што се однесува до евроатлантските односи, ние тука не се мешаме“, изјави Путин пред новинарите, пренесува Интерфакс.
Путин посочи и дека не се потребни посредници во дијалогот меѓу Русија и САД.
„Некој сака да биде посредник меѓу Русија и САД, но тоа се веројатно претерани барања“, изјави шефот на државата за новинарите.