[ФОТО] Никола Ѓуричко позираше пред „статуата“ со лик на Вучиќ: „Овој Оскар оди в затвор“

Точка

18/02/2025

19:39

2.117

Големина на фонт

а а а

Актерот Никола Ѓуричко заедно со група луѓе од Лос Анџелес уште еднаш ги поддржа студентските протести во Србија, но овој пат позираше покрај „статуа“ со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ.

На својот Инстаграм профил, српскиот актер кој живее и работи во САД, сподели три фотографии од собир за поддршка на студентите во Србија со натпис „L.A. Pumpa“.

На една фотографија, Ѓуричко стои пред картонска статуа која ја претставува наградата Оскар, но на чија глава е залепена фотографија од Александар Вучиќ.

Но, она што особено се истакна во неговата објава е третата фотографија. Имено, на транспарентот од протестот кој стоел под „статуата на Вучиќ“ пишувало „Овој Оскар оди в затвор“.


Инаку, Ѓуричко и претходно ги поддржа студентските протести во Србија, присуствувајќи на собир за поддршка во Лос Анџелес, а преку својот Инстаграм профил изјави дека студентите ја имаат неговата „безусловната поддршка пред сè поради начинот на кој протестираат со блокирање институции и улици за да потсетат на жртвите од Нови Сад“.


Потсетуваме, студентските протести во Србија, кои следеа по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад при што загинаа 15 лица, започнаа кон крајот на 2024 година.

Студентите бараат сè што е поврзано со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад да биде достапно за јавноста, а сите кои биле соучесници во оваа несреќа да одговараат.