Истражувањето покажа: Ова е денот во неделата кога луѓето се најсреќни

Точка

18/02/2025

16:40

1.804

Големина на фонт

а а а

Сеопфатната студија покажа дека утрото е период од денот кога луѓето имаат тенденција да се чувствуваат најдобро.

Истражувањето го потврди и она во што веруваат многу луѓе, а тоа е дека во летните месеци се чувствуваат посреќно и подобро отколку во зимскиот период.

Експертите ги анализирале податоците собрани од 49.218 возрасни лица како дел од социјалната студија на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) за Ковид-19, која ги следела испитаниците од март 2020 до март 2022 година.


Резултатите покажале дека луѓето генерално се буделе „чувствувајќи се исклучително добро“, но до полноќ постепено се чувствувале полошо.

Научниците исто така открија дека постои врска помеѓу доброто расположение и одреден ден во неделата, а исто така имаат особено силни докази дека во текот на летото, луѓето се чувствуваат подобро и психички и физички.

Резултатите од истражувањето ги објавија британските научници во стручното списание „BMJ Mental Health“, со заклучок дека „генерално гледано, наутро работите изгледаат подобро“.


Британските истражувачи веруваат дека студијата покажува оти промените во менталното здравје и благосостојбата во текот на денот можат да се објаснат и со физиолошки промени поврзани со телесниот часовник.

„Кортизолот, или хормонот чија најважна задача е да обезбеди доволно енергија во моментите на интензивен стрес бидејќи го регулира расположението, мотивацијата и стравот, го достигнува својот врв веднаш по будењето, а е најниско ниво кога е време за спиење“, рекоа истражувачите.

Луѓето се најсреќни во вторник

Исто така научниците забележале дека менталното здравје на повеќето од испитаниците било подложно на промени во текот на викендот, но работите станале постабилни во текот на неделата.

За потребите на студијата, научниците ги следеа флуктуациите во менталното здравје на учесниците (на пример, симптоми на депресија и/или анксиозност), флуктуации во чувството на среќа, задоволство од животот, чувство дека животот вреди и флуктуации во чувството на осаменост.


Испитаниците одговарале на прашалници кои вклучувале прашања како што се: „Колку сте задоволни од вашиот живот?“ „Во колкава мера сте се чувствувале среќно минатата недела?“, „Колку мислите дека вредат работите што ги правите во животот?“. При тоа биле земени предвид фактори како возраста, здравствената состојба и дали луѓето биле вработени.

Резултатите покажале дека оценките за среќа, задоволство од животот и смислата на животот биле повисоки во понеделник и петок отколку во недела. Истовремено, се покажа дека испитаниците одговориле дека се најсреќни во вторник.