Постојат неколку режисери во Холивуд кои навистина ја сменија историјата на филмот, било преку иновативни визуелни стилови, наративни структури или пак создавање на сосема нови жанрови.
Додека независните филмови како „Moonlight“ ги поместија границите на визуелниот и тематскиот израз, блокбастерите станаа засебна индустрија. Но, двајца режисери ги поставија темелите на модерниот блокбастер, меѓутоа никогаш не ги здружија силите, бидејќи еден од нив едноставно не сакал.
Откако ги креирал „Star Wars“, Џорџ Лукас стана еден од пионерите на концептот на блокбастер филмот. За време на снимањето, неговиот креативен тим беше убеден дека филмот ќе пропадне, но Лукас верувал во својата визија - инсистирајќи на развој на нова технологија за специјални ефекти, опсежен „world-building“ и употреба на „Dolby surround“ звук за легендарниот саундтрак. Никој не очекувал успех, но тој беше толку уверен во потенцијалот на филмот што ги обезбеди правата на продажба и продолженија.
Во деновите пред премиерата, Лукас се засолни во хотел на Хаваи, избегнувајќи да се соочи со можен неуспех. Но, кога случајно го вклучил телевизорот и видел како луѓето се собираат во бескрајни редици пред киното, тој бил целосно шокиран - „Star Wars“ стана глобален хит.
Истовремено, Стивен Спилберг постигна сличен ефект врз филмската индустрија со неговиот револуционерен филм „Jaws“ од 1975 година. Филмот го редефинирал Холивуд, му донесе статус на еден од најмоќните режисери и започна ера во која на младите и амбициозни филмаџии им беше дадена поголема контрола врз нивните проекти.
Нивните кариери беа паралелни, но Лукас и Спилберг никогаш не соработуваа на ист филм, иако Спилберг имал силна желба да режира едно од продолженијата на „Star Wars“.
Стивен отворено го изрази своето разочарување што никогаш не добил шанса да работи на „Star Wars“.
„Го прашав Лукас, но тој не ми дозволи да режирам ниту едно од нив. Сакав да го направам тоа пред 15 години, но тој не сакаше. Разбирам зошто – „Star Wars“ се бебето на Џорџ. Тоа е неговата мала индустрија и неговиот личен допир. Тој знае дека ги имам Паркот Јура и Индијана Џонс. Но, Џорџ ги има „Star Wars“ и мислам дека не чувствува потреба да ги сподели со мене“, изјави Спилберг, пренесе Far Out Magazine.
Додека многу обожаватели би сакале да ја видат визијата на Спилберг за „Star Wars“ , можеби Лукас бил во право кога одлучил да го зачува серијалот како негово наследство.