Најдобрите светски тенисери моментално се наоѓаат во Катар, каде ќе се натпреваруваат на АТП 500 турнирот во Доха, а по тој повод добија можност да се претстават и да откријат што знаат да кажат на арапски јазик.
Најголема ѕвезда на турнирот во Доха ќе биде Новак Ѓоковиќ, кој успешно закрепна од повредата. Српскиот тенисер се здоби со повреда на Австралија опен, но успеа да се врати по само еден месец.
Ѓоковиќ по пристигнувањето во Доха успеа да приреди шоу заедно со колегите од тениската елита. Имено организаторите им дадоа можност на тенисерите да се претстават со зборовите кои ги знаат на арапски.
Покрај Ѓоковиќ, во арапска облека беа облечени и Карлос Алкарас, Григор Димитров и Стефанос Циципас, а четворицата прозбореа арапски.
Секако, Ѓоковиќ беше најголемиот хит и успеа да каже најмногу зборови на арапски.
„Мерхаба, иншалах, алхамдулилах“, беа зборовите на Ѓоковиќ кои предизвикаа воодушевување кај арапските навивачи во коментарите.
Инаку, Ѓоковиќ е познат по тоа што се претставува на локалните јазици на земјите каде што се одржуваат турнирите. На тој начин ги „купи“ кинеските навивачи во Австралија.
Инаку Ѓоковиќ зборува англиски, шпански, германски, италијански, француски и руски, додека повремено покажува познавање на кинески јазик.