Угинаа животни во ЗОО Скопје, сомнежот е дека станува збор за труење, резултати се очекуваат по обдукција

Макфакс

17/02/2025

12:08

1.256

Големина на фонт

а а а

Во текот на минатата недела, поточно во вторникот ( 11.02), во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест, посочија од Зоолошката градина во Скопје во објава на „Фесјбук“.

„Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки. Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата“, посочија оттаму.

Се сомневаат дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните.

„Нашата установа редовно и транспарентно известува за сите случувања, а доколку се случи немил настан, веднаш ги известуваме сите надлежни институции со цел брзо постапување и откривање на причините“, истакнуваат од Зоолошката градина.

Соопштение за јавност

Во текот на минатата недела, поточно во вторникот ( 11.02), во живеалиштето на берберски овци при...

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Monday 17 February 2025