[ВИДЕО] Јокиќ го избра најтешкиот пораз во кариерата пред Ол-стар натпреварот

Дерби

16/02/2025

12:37

4.375

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ ќе биде една од главните ѕвезди на престојниот Ол-стар натпревар кој ќе се игра утре наутро во Сан Франциско, спектакл пред кој ѕвездата на Денвер имаше предвидено соочување со американските новинари.

Српскиот кошаркарски мајстор одговараше на разноразни теми поврзани за актуелности во НБА лигата, но се осврна и на најтешкиот пораз во кариерата.

Јокиќ доби за задача да го избере најболниот пораз во неговата досегашна кариера, а тој не криеше дека истиот се случил во 2024-та година, односно во полуфиналето на Олимписките игри.

– Откако загубивме на Олимписките игри, секогаш велам дека тоа е најтежок пораз во мојата кариера.

– Чувстував дека сите навива за нас, за мала земја против големата Америка. Не бев сигурен дали тоа беше така зошто сакаа да изгуби Америка, или поради тоа што сакаа ние да победиме, – изјави Јокиќ.

Во споменатото полуфинале, Србија повеќе од три четвртини го диктираше темпото и се чинеше дека ќе направи подвиг, но на крајот пресуди знаењето на големите НБА ѕвезди кои направија пресврт и донесоа драматична победа за „дрим-тимот“.