[ВИДЕО] Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја

Дерби

16/02/2025

10:26

3.311

Големина на фонт

а а а

Мек МекЛанг беше анонимус за светската спортска јавност кога пред две години за првпат триумфираше во натпреварот во забивање на Ол Старот, но кошаркарот на Орландо со своите изданија се погрижи да добие статус на недопирлив во НБА лигата.

МекЛанг рано утрово повторно беше задолжен за главното шоу на Ол Старот во Сан Франциско, каде играчот кој најчесто настапува во развојната лига најпрво заби преку автомобил, а потоа и преку Иван Мобли за трето најважно одличје во низа.

26-годишниот кошаркар стана првиот во историјата на НБА лигата кој три пати во низа победил во натпреварот во забивање, бидејќи досега на ниту еден не му успеало ваков потфат.

Нејт Робинсон успеа три пати да слави на најатрактивниот натпревар на Ол Старите, но тоа го направи во 2006, 2009 и 2010-та година.

– Ол Стар натпреварите навистина будат инспирација кај мене, тука доаѓа до израз мојата креативност. Нависитна го обожавам ова натпреварување, сакам да забивам и да ја прикажам мојата креативност преку забивањата, – изјави победникот.

Втор на натпреварот во забивање заврши Стефон Касл од Сан Антонио, додека Матас Бузелис и Андре Џексон завршија со своите претстави во првата рунда.