[ВИДЕО] Јакимовски прв стрелец, Колорадо ја прекина лошата серија во НЦАА лигата

Дерби

16/02/2025

09:41

3.690

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски со одлична партија беше лидер во победа на Колорадо над УЦФ Најтс во НЦАА лигата.

Домашниот тим славеше со 76:63 и со тоа конечно дојде до првата победа во 2025 година или поточно ја прекина низата од 13 порази во ова натпреварување. Бафалос одиграа подеднако ефикасно во двете полувремиња постигнувајќи по 38 поени.

Јакимовски беше лидер, прв стрелец во својот тим со уфрлени 15 кошеви на кои придодаде 7 скока и 1 асистенција.

Со учинок 10-15 универзитетот Колорадо се наоѓа на последното место во својата дивизија.