Звезда преку трилер до нов пехар во Купот на Србија

Дерби

16/02/2025

09:38

3.599

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Црвена Звезда во возбудлив и драматичен меч издвојуваа победа над Партизан од 89:83 во финалето на Купот на Србија.

„Црвено-белите“ продолжија да доминираат во ова натпреварување и по петти пат во низа дојдоа до пехарот во „Радивој Кораќ“. Средбата во Ниш донесе од се по нешто, а и дополнителни пет минути за да се добие победникот.


Во завршницата на основниот дел Џонс пропушти шанса да му донесе славје на Партизан затоа што погоди само едно од двете слободни фрлања, па со резултат 77:77 се замина во екстра период. Овде подобро се снајде Звезда која го издржа притисокот и со 12:6 ја затвори пресметката со лутиот ривал.

Петрушев со 18 и Кенан со 13 поени беа лидери на листата на стрелци кај старо-новиот шампион, а пак на „црно-белите“ овојпат не им беше доволна ниту маестралната партија на Карлик Џонс од 34 поени, 3 скока и 5 асистенции.