Италијанската актерка Моника Белучи повторно го привлече вниманието појавувајќи се на настанот на брендот „Cartier“ во Дубаи.
За овој престижен настан актерката избра црн фустан од најновата колекција на Баленсијага, кој е совршен спој на софистицирана елеганција и заводлива сензуалност. Фустанот од тантела која ја следеше линијата на нејзиното тело, а под кој можеше да се забележи нејзината долна облека, создаде заводлив, но софистициран изглед.
Целокупниот изглед го надополни со едноставна шминка и пуштена коса, како и ѓердан од Картие, и успеа да истакне нејзината природна убавина и шарм.
Моника Белучи овој пат не само што шармираше со својот изглед, туку решила да направи храбар чекор и ја сменила бојата на косата.
Таа со години беше позната по темната коса, но овој пат одлучила да го освежи изгледот и косата ја бојадисала во топла нијанса на лешник.
Инаку на настанот беше придружувана од нејзиниот партнер Тим Бартон, а парот спремно им позираше на насобраните фотографи. Потсетуваме, славниот пар веста дека се заедно со месеци ја чуваше во тајност, но Моника ја потврди нивната љубов во јуни 2023 година.