Јаник Синер доби тримесечна суспензија како дел од спогодбата со Светската анти-допинг агенција, поврзана со неговиот позитивен допинг тест од минатата година.
23-годишниот италијански тенисер оди на принудна пауза и ќе биде суспендиран до 4. мај, бидејќи ефективно се смета дека суспензијата започнала на 9. февруари.
Светската анти-допинг агенција отвори истрага како несогласување со одлуката на Спортскиот арбитражен суд да го ослободи Синер од одговорноста за два позитивни допинг тестови, па на крајот е постигната спогодба.
„WADA“ донела вакво решение откако ги прифатила аргументите дека се работи за ненамерен пропуст, односно тенисерот бил контаминиран со недозволена супстанца преку физиотерапевтска интервенција. Казната, односно суспензијата е објаснета со фактот што Синер сепак мора да преземе одговорност за невнимателноста на неговиот тим.
Со ваквиот епилог, италијанскиот тенисер ќе може да настапи и на следниот грен-слем, односно Ролан Гарос, чиј старт е закажан за на 19. мај.