Осум намирници кои можеме да ги споделиме со мачките

Точка

14/02/2025

20:44

4.617

Големина на фонт

а а а

Мачките имаат специфични потреби во исхраната, а некои видови храна можат да бидат штетни за нив. Некои намирници се дури и токсични, но за среќа, постојат многу безбедни и здрави опции кои можеме да ги споделиме со нив. Но, секако мора да имаме на ум дека клучот е умереноста.

Немрсно месо

Мачките се месојади, па затоа исхраната базирана на месо е неопходна за нив. Изберете немрсно варено месо без дополнителни зачини и сосови за да избегнете дигестивни проблеми. Исто така, месото треба да биде непреработено бидејќи преработеното месо се смета за канцерогено.

Варена риба

Рибата е богата со омега-3 масни киселини и аминокиселини и е одличен извор на протеини за мачките.


Сепак, важно е рибата што ќе ја споделите со вашата мачка да не содржи сол или зачини. Како општо правило, внесот на риба не треба да сочинува повеќе од 10 отсто од исхраната на вашата мачка, пишува „Modern Cat“.

Варени јајца

Варените јајца се одличен избор за мачките бидејќи се целосен извор на протеини, лесно сварливи и полни со хранливи материи како аминокиселини. Меѓутоа кога ги подготвувате не додавајте маснотии или сол. Јајцата се одлично повремено задоволство што многу мачки го обожуваат.

Грашок

Грашокот често се наоѓа во комерцијалната храна за мачки, а може да помогне при запек.


Лубеница

Нејзината висока содржина на вода е одлична за дополнителна хидратација на вашата мачка, но лубеницата содржи и многу шеќер, па затоа треба да биде само повремено задоволство.

Варена брокула

Брокулата е безбеден зеленчук за мачки, богат со влакна и антиоксиданти. Се смета дека помага во борбата против слободните радикали и може да придонесе за редовно варење. Послужете ја варена и во мали количества.


Морков

Варените моркови се уште еден безбеден зеленчук за мачки кој често се наоѓа во комерцијалната храна за домашни миленици. Богат е со бета-каротин, кој во организмот се претвора во витамин А, а содржи и витамини Е и К, минерали како што се манган, магнезиум и калиум, како и растителни влакна. Послужете ги морковите варени и во мали количества, бидејќи сировиот морков потешко се вари и може да претставува ризик од задушување.

Боровинки

Боровинките се богати со антиоксиданти и можат да бидат здрав деликатес за вашата мачка. Доволни се една до две боровинки на ден, бидејќи преголема количина може да предизвика дигестивни проблеми.